Многу истражувања покажуваат дека бадемите нудат многу бенефити за нашето здравје. Тие помагаат за намалување на холестеролот, го штитат срцето и крвните жили, а помагаат и кај паметењето.
Токму поради тоа се препорачува 1 шака бадеми дневно кои треба да се дел од нашата секојдневна исхрана.
Овие јаткасти плодови овозможуваат вредни хранливи материи и даваат чувство на ситост. Тие помагаат за спречување на апсорпцијата на масти во организмот, изобилуваат со витамин Е кој е одличен и за кожата, потоа магнезиум, антиоксиданти, но и влакна. Редовното конзумирање на бадемите помага и во подобрување на варењето.
Сепак, не би требале да претеруваме со овие здрави, но и вкусни плодови. Препорачаната доза бадеми е 1 шака, односно 30 грама. Ако претерате, тоа може да предизвика надуеност, но и дијареа.