Баерн на чекор од ’двојната круна’

Фудбалерите на Баерн Минхен се првите финалисти во купот на Германија, откако во полуфиналето го прегазија Волфсбург со 6:1.Манџукиќ и Робен по половина час игра му донесоа предност од 2:0 на Баерн, која во финишот на полувремето ја намали Диего.Баерн во второто полувреме поведе со 3:1 со голот на Шаќири, а потоа Марио Гомез за само шест минути, од 80-та до 86-та, постигна три гола со што го дотолчи противникот.Противник на Баерн во финалето, кое ќе се одигра на 1.јуни во Берлин, ќе биде подобриот од натпреварот помеѓу Штутгарт и Фрајбург кој ќе се одигра во среда.
МакфаксФудбалерите на Баерн Минхен се првите финалисти во купот на Германија, откако во полуфиналето го прегазија Волфсбург с

Пронајдете не на следниве мрежи: