500 г кори за баклава
150 г мелени лешници
150 г мелени бисквити
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
125 мл масло
ЗА ШЕРБЕТ
500 г шеќер
500 мл вода
Од водата и шеќерот сварете шербет и изладете го.
Измешајте фил од шеќерот, ванилиниот шеќер, лешниците и бисквитите.
На работна маса една врз друга наредете 3 кори попрскани со масло и премачкани со фил. Свиткајте ролат и ставете го во намрсена тава.
Истата постапка повторете ја со сите ролати, исечете ги на парчиња, попрскајте со масло и испечете ја баклавата.
Топлата баклава прелијте ја со изладен шербет.