Бали Бег се разведува, брачни проблеми кај познатиот пар

Бали Бег се разведува, брачни проблеми кај познатиот пар

Турските медиуми пишуваат за наводниот развод на Бурак Озџивит и неговата сопруга Фахрије Евџен. Според турските медиуми, нејзиниот брак со Бурак Озџивит, дефинитивно, е завршен. Актерката паднала во депресија по смртта на татко ѝ, кој долго време се борел со ракот на желудникот. Актерот сакал да ѝ помогне и се грижел за синот, но таа не го послушала предлогот на нејзиниот сопруг да посети психолог.

Најголемиот проблем на најубавиот пар во Турција, како што често ги нарекуваат, било и воспитувањето на нивниот син. Близок извор на парот, двајцата немаат ист став за одгледување на детето поради што многу често се во конфликт.

Други, пак, велат дека ова се само шпекулации и дека парот одлично функционира. Неодамна се вратија од одморот во Бодрум, сликани се заедно во еден ресторан во Истанбул, а по породувањето, Фахрије конечно речи да им се врати на сериите. Нејзиниот сопруг, пак, го игра сега главниот лик на Осамн Газија во истоимената серија, која е популарна во Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.