По повеќе од 30 години, во Хрватска е потврден изолиран случај на лепра. Станува збор за хронична заразна болест која денес успешно се лекува, а епидемиолошката ситуација е под контрола, изјави во саботата епидемиологот Бернард Каиќ од Хрватскиот институт за јавно здравје.
Каиќ за РТЛ Данас изјави дека нема причина за загриженост откако пациент со симптоми на лепра се пријавил во епидемиолошката служба во Сплит пред десет дена, а болеста била дијагностицирана навремено.
„Ништо не е кажано ниту напишано за тоа бидејќи случајот е откриен на време. Човекот е на лекување, неговите блиски контакти примиле постекспозициска терапија иако не се заразени. Дадена е профилакса и тие се следат, така што ситуацијата е под контрола“, рече Каиќ.
Министерството за здравство во Хрватска потврди дека станува збор за странски работник од Непал кој живее во Хрватска со своето семејство веќе две години. Епидемиолошката служба на Сплит не сакаше да даде дополнителни изјави.
Лепрата е хронична заразна болест предизвикана од бактеријата Mycobacterium leprae. Најчесто се пренесува преку капки, кашлање или кивање, но за пренос е потребен долготраен и близок контакт со заразено лице.
Каиќ истакнува дека болеста најчесто се манифестира со промени на кожата и оштетување на периферните нерви, што може да доведе до губење на чувството и слабост, но нагласува дека денес е излечива.
„Како и туберкулозата, тоа е хронична болест која може успешно да се лекува. Терапијата трае од шест до дванаесет месеци и вклучува комбинација од неколку лекови. Тоа не е нешто што треба да предизвика паника“, рече Каиќ.
Каиќ објаснува дека станува збор за основни вакцини важни за колективниот имунитет, со цел да се спречи ширењето на болести. Постапката за донесување на таа одлука е во тек.
Тој додава дека не станува збор само за вакцинација, туку и за воведување прегледи за некои болести што не постојат кај нас, сè со цел навремено откривање и запирање на нивното ширење.
The post Балканот во паника: Лепра откриена во Хрватска, се врати по 30 години, а ова се првите симптоми appeared first on Во Центар.



