четврток, 12 ноември 2026
Најново

Балканската супер ѕвезда која ги руши сите границии: Здраво Чолиќ наполни 70 години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Миленик на многу генерации, феномен на поранешна Југославија чии песни се пеат низ целиот свет и еден од првите балкански музичари што ја понесе титулата суперѕвезда. Со два збора – Здравко Чолиќ. Тој полни 70 години.
Здравко Чолиќ живее со сопругата Александра и ќерките Уна и Лара во елитата, но и мирен дел од Белград, а тој се обидува да ја зачува приватноста на семејството во луксузната вила.
Неговите обожавателки тврдат дека тој пеел за жените на најубав начин, а се вели дека Јосип Броз, претседателот на социјалистичка Југославија, рекол дека тој е „пример за совршен млад човек“.
Тој има една од најдолгите кариери на Балканот, која е украсена со големи тиражи, полни сали, пофални зборови од колегите и директен однос со публиката.
Здравко Чолиќ полнеше и до ден денес полни концертни сали веќе половина век, а неговата публика е во сите делови на светот.

Поврзани вести