Балканските медиуми известуваат за убиството пред ТЦ Мавровка кое се случи утрово. Неполни 12 часа после пукањето во Ченто, кога едно рането лице беше пренесено во болница со тешки повреди.
Убиено е лице со иницијали В.Е. Иако медиумите во Србија и во Хрватска пренесоа дека е адвокат, сепак, ТВ21 од извори блиски на жртвата дознава дека станува збор за градежен инженер.
„Блиц“ пренесува дека веднаш е покрената потрага по убијците, и дека на подрачјето на Чаир осомничени пукале на полицијата од огнено оружје. Полицајците вратиле, и после тоа две лица биле уапсени.
Автомобилот со кој било сторено убиството е најдено во Гази Баба, и било со белгиски регистарски таблици.
Еве што пишуваа за убиството БЛИЦ, Б92, Јутарњи лист