Бамја со телешко месо е традиционално јадење кое е еден од највкусните специјалитети од Босна и Херцеговина и обично се подготвува за празникот Курбан-бајрам.
Бамјата е една од најздравите намирници кои се користат со векови во многу култури. Тоа е тропско растение од семејството хибискус и пристигнало во медитеранска Европа преку Северна Африка. Се користи во исхраната 3.500 години, богата е со витамини Ц и К, фолати, а содржи и голема количина на растителни влакна.
Ако го подготвите на вистински начин, ќе ве воодушеви со својот вкус.
Потребни состојки (за четири лица):
500 гр телешко месо (или говедско месо)
50 гр исушена бамја или 250 гр бамја од тегла
500 мл вода за бамја
300 мл вода за супа
малку сок од лимон
2 помали глави црвен кромид
3 лажички паста од лук или 3 чешниња
3 моркови
200 гр сос од домати или пире
1 коцка говедска супа
сол
бибер
вегета
Подготовка: