Банда малолетници со нож ограбиле деца сред Центар

Вчеравечер во периодот од 22.45 до 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Како што соопштуваат од полицијата, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: