Состојки
350 мл вода
5 лажици зејтин
1/4 квасец
700 гр брашно
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 јајце
250 гр кравјо сирење
125 гр маргарин
125 гр зејтин
Прво во водата го ставаме квасецот и шеќерот. После кратко време додаваме сол, зејтин 5 лажици и додаваме брашно за да се замеси средно меко тесто. Количината на брашно може да е и повеќе или помалку, се’ зависи од брашното. Откако убаво го замесуваме, тестото веднаш го делиме на 8 дела. Во еден сад мешаме 125 грама стопен маргарин и 125 милитри зејтин.
Земаме еден дел и со сукало расукуваме мала кора(пречник 20 сантиметри). Ја премачкуваме со зејтин и маргарин. Врз оваа ставаме друга кора, премачкуваме, пак кора, премачкуваме и врз четвртата кора не ставаме од зејтинот. Така правиме и со другите 4 кори.
Сега ги земаме првите 4 кори и расукуваме кора (пречник 40 сантиметри). Ја премачкуваме со зејтинот, ја засекуваме на неколку места и ги преклопуваме и добиваме така 2 катмери. Сега од првиот катмер расукуваме правоаголна кора со должина на плехот.
Сирењето го ренадаме и го додаваме и јацето разматено. Со овој фил ставаме и од двете страни на правоаголната кора. Замотуваме ролат и од двете страни. Сечеме на средина и ги ставаме во подмачкан плех. Истото го правиме и со другиот катмер. Јас ги исеков на помали парчиња пред да ги печам. Се оставаат да одморат околу 20 минути и потоа се печат на 180 степени околу 25 минути.