Банички со спанаќ

Идеја што да подготвите за денешниот појадок.
Потребни состојки:
400 г готови кори
1 шолја вода
1 печиво
Половина шолја масло
Фил
Спанаќ, сирење, јајце
Начин на подготовка:
Во посебен сад измешајте вода(обична или кисела), масло и печиво и загрејте до вриење.
За една баничка ви се потребни 2 готови кори. Ставете ги една врз друга. Ставете 2-3 лажици од водата и на едниот дел од кората ставете фил. Ставете спанаќ(свеж, ситно исечкан), сирење и јајце, а може и други состојки по ваша желба. Преклопете ги корите од сите страни по околу 1-2 цм, па преклопете на половина. Замотајте ги баничките и редете ги на хартија за печење. Повторете со сите кори, па на крај премачкајте ги со смесата од вода и масло, а плус може и со јајце. Наросете сусам и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.