четврток, 12 ноември 2026
Најново

Банките за три месеци заработиле над 72 милиони евра, граѓаните и фирмите платиле над 190 милиони евра за камати и провизии

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Роди ме мајко со ксмет банкар да станам“. Вака може да се протолкува старата народна за македонски услови. Додека стопанството постојано се жали дека е во криза, за македонските банки нема криза. Ако 2024 година ја завршија со рекордна добивка од речиси 283 милиони евра, одлично им оди и во првите три и месеци од годинава. Заработиле речиси 72,6 милиони евра.

Податоците на Народната банка покажуваат дека само за три месеци од годинава банките наплатиле од граѓаните и бизнисот над 146 милиони евра само од камати. Само домаќинствата пак за камати платиле над 58 милиони евра во домашните банки. Бројките покажуваат дека нето-приходот од камати за банките бил речиси 113 милиони евра.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

За надоместоци и разни банкарски провизии пак граѓаните и бизнисот оставиле 44 милиони евра во домашните банки. Нето приходот од провизии за банките, во првиот квартал годинава бил над 27 милиони евра.

Математиката покажува дека само за камати и провизии граѓаните и компаниите платиле над 190 милиони евра.

Но во кои банки завршил најголемиот профит?! Податоците на Народната банка покажуваат дека речиси цел колач завршил кај петте големи банки во земјава. Или од 72,6 милиони евра профит, кај нив завршиле 66,4 милиони евра. Остатокот го делеле трите средни и петте мали банки во земјава.

Финансиските извештаи на банките покажуваат дека најголема добивка за првите три месеци од годинава имаат три од најголемите банки, и тоа Комерцијална, НЛБ банка и Стопанска банка- Скопје. Комерцијална има најголем профит од над 19 милиони евра, потоа е Стопанска банка Скопје со 14 милиони евра, а добивката на НЛБ Банка 11 милиони евра.

Податоците покажуваат дека трите најголеми банки имаат поголем профит од сите останати компании на Македонската берза.

Извор: ТВ 21

Поврзани вести