БАНКРОТИРАЛА, А НЕ ЗНАЕЛА: Лејди Гага лошите вести ги дознала од нејзиниот тим, призна колкав долг имала

Поп ѕвездата Лејди Гага неодамна се присети на турнејата „The Monster Ball“ поради која банкротирала, откривајќи дека не ни знаела дека нема пари.

Таа одржа турнеја во 2010-та година, кога беше надалеку позната како светска ѕвезда, сето тоа благодарение на хитовите кои беа меѓу најслушаните во тој период. Полнеше стадиони и сали ширум светот. Музичката ѕвезда истакна дека не била свесна за она што се случуваше.
-Јас всушност банкротирав откако за прв пат ја продолживме турнејата „The Monster Ball“. И беше смешно затоа што не знаев, призна таа.
Таа ги дозна лошите вести од нејзиниот тим:

-Се сеќавам дека им се јавив на сите и реков: „Зошто сите велат дека немам пари? Ова е смешно, имам пет синглови број 1.“ И ми рекоа „Па, должиш 2,6 милиони евра“.
Да потсетиме, пејачката неодамна ја прекина двегодишната врска. Извори за светските медиуми објавија дека причина за пропаѓањето на долгата врска била нејзината желба за брак и семејство, додека нејзиното поранешно момче Мајкл Полански ги немал истите амбиции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.