Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ се неприфатливи

Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи, изјави денес во Охрид премиерот, Зоран Заев.
– Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Самите институции дадоа свои коментари. Да се бара комисија што ќе провери дали референдумот бил законски, дали имало законитост во неговото спроведување и слично во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, како и Управниот суд во кој нема сменето ниту еден член, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања, истакна Заев.
Најави дека останува на ставот во наредните денови да се разговара со пратеници во Собранието во, како што наведе, во една пријатна, нормална и одговорна атмосфера.
– Веруваме дека ќе имаме некаков резултат до крајот на неделава или почетокот на наредната. Некаде околу 10 октомври е некаков таргет кога треба да и соопштиме на јавноста кои се следните чекори. Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство, рече Заев.
Тоа би било добро за државата, бидејќи Македонија нема да загуби непотребни месеци, но тој исто така нагласи дека секако останува отворена можноста целата оваа ситуација да се решава преку вонредни парламентарни избори, кои, како што посочи, не ги посакува.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.