Барселона во продолжението го ‘скрши’ ПАО

Кошаркарите на Барселона поведоа со 1:0 во четвртфиналната серија со Панатинаикос, откако по продолжението забележаа победа со 72:70, во регуларниот дел мечот заврши со резултат 64:64.
Барселона во првиот меч не ја оправда улогата на фаворит туку се соочи со силен отпор на грчкиот тим. ПАО во најголемиот дел од натпреварот ја диктираше играта, имаа грчките играчи неколку пати и 12 минути предност, но Баселона во последните пет минути со серијата 10:4 успеа да избори продолжение. Клучен играч во победата на Барселона беше Виктор Сада кој своите 13 поени ги постигна во последната четвртина и во продолжението. Најефикасен кај Барселона со 14 поени беше Хуан Карлос Наваро. Во екипата на Панатинаикос со по 14 поени се истакнаа Стефон Лазме и Џејмс Гист. Следниот натпревар од серијата ќе се одигра во четврток, а домаќин повторно ќе биде Барселона. Во среда на програмата ќе бидат преостанатите три четвртфинални средби: Олимпијакос-Анадолу Ефес, ЦСКА Москва-Каха Лаборал и Реал Мадрид-Макаби.Кошаркарите на Барселона поведоа со 1:0 во четвртфиналната серија со Панатинаикос, откако по продолжението забележаа п

Пронајдете не на следниве мрежи: