четврток, 26 ноември 2026
Најново

Барселона, ново шпанско жариште: Расте бројот на новозаболени од коронавирус

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Шпанија се регистрирани 4.581 нови случаи на коронавирус од минатиот петок, кога фокусот на инфекцијата се засили, особено во Каталонија, вклучувајќи ја Барселона и соседниот регион Арагон, објави денеска шпанското Министерство за здравство.

Вкупниот број на заразени од коронавирус изнесува 264.835 од почетокот на пандемијата, соопшти шпанското Министерство, објави Си-Ен-Ен.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 Во текот на изминатата недела се регистрирани 9 смртни случаи, така што вкупниот број на смртни случаи изнесува 28.422. 

-“Избувнувањата на новите жариста се поврзани со сезонските работници на фарми и во области каде не се почитуваат мерките за заштита, како што се големи семејни настани и ноќни клубови со млади – рече министерот за здравство Салвадор Илја на прес-конференција.

Во Шпанија рестриктивни мерки се укинати на 21 јуни и сега 17 шпански регионални влади директно управуваат со ситуацијата.

Најголемо жариште во моментов претставува Барселона, каде каталонските власти званично ги  замолиле граѓаните да останат во своите домови освен исклучок да направат при неопходни случаи, но тоа не е задолжително.

 

 

Поврзани вести