Батон: Болидот ни е премногу бавен

Џенсон Батон, шампионот во Формула 1 од 2009 година, изјавил дека е незадоволен од перформансите кои ги покажува болидот на Мекларен.

„Кога е патеката сува тогаш болидот е подобар, но сепак таа брзина не може да се спореди со онаа на поголемиот број од болидите. Направивме одреден прогрес, но и понатаму собираме информации за нашиот MP4-28. Многу е полесно кога работите на болид кој се бори за победи, отколку на болид кој не е компететивен“, рекол Батон. Британецот, на првата трка во сезоната, Големата награда на Австралија го освои деветото место, додека на првите тренинзи, одржани во пресрет на трката за Големата награда на Малезија, тој имаше 11-то и 12-то најдобро време.
Макфакс
Џенсон Батон, шампионот во Формула 1 од 2009 година, изјавил дека е незадоволен од перформанси

Пронајдете не на следниве мрежи: