Баунти без печење и дополнителен шеќер

Ако го сакате вкусот на кокос и чоколадо, овој десерт е одличен избор за вас. Се припрема мошне брзо, без печење.
Потребни состојки:
10 лажици кокос
3 лажици кокосово млеко
1 лажица кокосово масло
2 лажици агаве или мед


Прелив:
400 гр. темно чоколадо
Измешајте ги сите состојки освен чоколадото, ставете ги во блендер и миксирајте 2-3 минути додека не добиете хомогена смеса. Таквата смеса ставете ја во сад и месете ја со рацете. Обликувајте парчиња со должина од 5 см.
Ставете ги на хартија за печење во тавче. Потоа оставете ги да отстојат преку ноќ. Утредента прелијте ги со темната чоколада, која претходно сте ја стопиле на пареа.
Чувајте ги во фрижидер и сервирајте ги ладни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.