Бајден: Во Иран се нападнати исклучиво воени цели

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека се надева оти вечерашните израелски воздушни напади врз Иран претставуваат крај на меѓусебните напади меѓу двете земји.

Бајден додаде дека, според сите сметки, израелските вооружени сили гаѓале само воени цели во Иран.

Израелската војска објави фотографии од нејзините воздушни сили кои се подготвуваат да го нападнат Иран.

„Вака полетаа авионите на воздухопловните сили за да извршат прецизни и насочени напади врз воени цели во Иран“, истакна портпаролот на ИД, Авикаи Адрае во објавата на мрежата Х, тој рече и дека нападите биле како одмазда за „иранските континуирани напади“ но и нападите од милитантните заедници поддржани од Иран.

Пронајдете не на следниве мрежи: