Бајден наполни 82 години и стана најстариот американски претседател на должност

Американскиот претседател Џо Бајден во средата наполни 82 години, возраст до која ниту еден друг челник на Соединетите држави досега не ја достигнал.Претседателот немаше јавни настани во неговиот календар во средата, откако се врати од патувањето во Јужна Америка доцна во вторникот вечерта.Семејството, пријателите и колегите, вклучително и првата дама Џил Бајден и поранешниот претседател Барак Обама, му оддадоа почит на социјалните мрежи.„Среќен роденден на мојот драг пријател и нашиот неверојатен претседател Џо Бајден“, објави на Х неговата потпретседателката Камала Харис која на ноемвриските избор имаше неуспешен обид да го замени во Белата куќа.Бајден се повлече од претседателската трка во јули по големиот притисок од водството на неговата Демократска партија поради стравувањата за неговата когнитивна состојба по бројните гафови во јавноста, вклучително и катастрофалниот настап во телевизиското соочување со републиканецот Доналд Трамп во јуни. Тогаш беше признаено дека кај гласачите преовладува уверувањето дека е премногу стар и се сомневаат во неговиот ментален капацитет.Републиканецот 78-годишниот Доналд Трамп ја победи демократската кандидатка, потпретседателката 60-годишната Камала Харис на изборите на 5 ноември. Трамп така би требало да го надмине возрасниот рекорд на Бајден во неговиот следен мандат, бидејќи тој ќе има 82 години и седум месеци на крајот од неговиот мандат во 2029 година.Роналд Реган претходно го држеше рекордот за најстар претседател, завршувајќи го својот втор четиригодишен мандат на 77-годишна возраст.

Пронајдете не на следниве мрежи: