четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бајден првпат во јавноста по објавата дека боледува од тешка болест: Откри какви се прогнозите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешниот американски претседател Џо Бајден се појави во јавност за првпат откако објави дека боледува од карцином на простата. Во Меморијалниот парк на ветераните во Делавер, 82-годишниот Бајден одржа говор посветен на американските воени херои, при што истакна дека политиката во САД станала длабоко поделена и полна со горчина.

По говорот, Бајден одговори на прашања од новинарите за неговото здравје и порача дека прогнозите се охрабрувачки.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Се чувствувам добро. Прогнозите се добри. Сѐ решаваме. Напредуваме. Добро се чувствувам“, рече Бајден, додавајќи дека лекарскиот тим е оптимист и дека очекува да го победи ракот.

Тој објасни дека е започнат третманот и дека засега зема терапија во форма на апчиња. „Ќе земам една таблета во следните шест недели, а потоа друга. Се очекува дека ќе можеме да го победиме ова“, истакна Бајден.

Поврзани вести