Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден денеска зборуваше на Самитот на Г-20 во Бразил, за првпат откако и’даде зелено светло на Украина да користи американско оружје за напади длабоко на територијата на Русија Бајден ја повтори поддршката на американската влада за Украина на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро. Како што пренесува Би-Би-Си, тој не се повика директно на одлуката за одобрување на употребата на ракети со долг дострел од Украина.„Сите ние мора да работиме за да ставиме крај на конфликтите и кризите кои го поткопуваат напредокот во подобрувањето на безбедноста ширум светот“, рече Бајден, додавајќи:„САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Според мене, сите на оваа маса треба да го сторат истото.”
Пронајдете не на следниве мрежи: