Бебето со туберкулоза е во многу тешка состојба

Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести е во многу тешка состојба, и поставено на механичко дишење, и засега состојбата му е стабилна, изјави за Телма, директорката проф.д-р Стојка Фуштиќ.

Доктор Фуштиќ вели дека деветмесечното бебе е донесено на детска клиника во многу тешка состојба во петокот вечерта од болницата во Козле. Директорката уверува дека нема потреба од паника за зараза, затоа што бебето е згрижено според сите протоколи.

Бебето и денеска е во многу тешка состојба затоа што има само три килограми, и иако докторите прават се што можат, можно е ваков случај да заврши фатално.
Бебето се заразило од неговата мајка, која боледувала од туберкулоза. Доктор Фуштиќ вели дека детето не било заведено во здравствениот систем, и нема податоци каде се лечело.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.