– Уште едно бебе почина во Појасот Газа поради екстремен студ, соопшти палестинското Министерство за здравство.„Јусуф Ахмет Енвер Кулуб имаше само 35 дена. Почина поради екстремен студ во Појасот Газа“, соопшти Министерството.Министерството го насочи фокусот на порастот на бројот на смртни случаи предизвикани од екстремен студ во палестинската енклава која е под израелски напади.Тоа е осмото бебе кое почина од хипотермија.Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година убиени се 45.805 Палестинци, од кои околу 17.818 деца и 12.287 жени, а 109.064 луѓе се повредени.Во ноември 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.
Пронајдете не на следниве мрежи: