Бегалецот од болницата во Штип нема коронавирус! И нема нови случаи на зараза

Триесет и шест годишниот виничанец и неговата партнерка со хрватско државјанство, кои вчера доцна попладнето избегаа од штипското Инфективно одделение додека се вршела анализа дали мажот има позитивен или негативен тест на коронавирус, денеска по препорака на санитарниот инспектор ќе бидат пуштени на домашно лекување, бидејќи тестот покажал дека не е заразен од овој вирус, објави на прес-конференција директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев…

Вчера известивме дека виничанецот избегал од болницата…

Сега за сега нема нов случај на Корона во земјава. Тестирањата направени вчера доцна врз возачот на комбето  се негативни, вели извор од здравствените власти. Наскоро се очекува и официјална потврда на овие информации.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.