БЕДА БЕЗ ДНО – Цуцуловски

Луциден, краток и јасен статус на Цуцуловски за МАНУ и нивната БЕЗВРЕДНОСТ.
БЕДА БЕЗ ДНО. Што може да се очекува од некоја академија на науки и уметности, ако во нејзиниот прв ред се сместиле домашни и странски политичари? Што може да се очекува освен несфатлива човечка и духовна беда? Денес, во МАНУ, се случи токму тоа – научниците и уметниците, седнати во задните редови, станаа ученици/послушници на политичарите.
Оттука, не може ни да се замисли да бидат еден покрај друг Блаже Конески и Ацо Шопов, од една страна и, од друга страна, Камбовски или Таки Фити, бидејќи помеѓу првите и вторите не постои провалија, туку бездна. Тоа се два паралелна света, помеѓу кои не постои никаква допирна точка, макар таа точка била самото дно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.