Безбедносната состојба стабилна, македонските државјани кои побарале помош се згрижени, уверува претседателката Сиљановска-Давкова

Безбедносната состојба во земјава е стабилна. Не сме изложени на нестабилност, ниту има опасност по безбедноста внатре и во регионот, оцени вечерва Советот за безбедност свикан по случувањето на Блискиот Исток.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по завршување на седницата изјави дека ваквата оценка е донесена врз основа на податоците од Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

– Институциите ја следат состојбата, ја анализираат, се координираат и информираат и оваа оценка на стабилност и безбедност е релевантна и важна. Редовно се врши проценка на ризиците и сите се обврзаа тоа да продолжат да го прават. Имам цврство уверување не само институционално, туку и документирано дека нема зошто да се грижиме во моментот, но ќе ги следиме состојбите и ќе реагираме, рече Сиљановска-Давкова.
Информираше дека Кризниот штаб е во постојан контакт со македонските државјани кои се обратиле до дипломатските претставништва на земјава. Се бара најбрз и најбезбеден начин за враќање на оние државјани кои го побарале тоа.
– Со право луѓето се загрижени, причината е затвореното небо. Во некои држави како Катар можноста беше со бродски превоз, но и тој е оневозмжен.

Факт е дека се згрижени и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи кое работи на тоа да најде најбрз начин да се вратат дома оние кои го сакаат тоа, рече Сиљановска-Давкова.
Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност по нападите на САД на Иран.
Дел од земјите во регионот веќе најавуваат испраќање на авиони за враќање на нивните државјани штом се отвори небото за летови.

Пронајдете не на следниве мрежи: