сабота, 14 ноември 2026
Најново

42 годишна жена од Македонија загина во страшна сообраќајна несреќа во Албанија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и петмина повредени се случила денеска (14 ноември) во Албанија, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер.

Меѓу загинатите е и 42-годишната Малтина Ферати од Тетово, која го загубила животот во директен судир меѓу два автомобила.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според првичните информации од албанската полиција, несреќата се случила околу 10:15 часот, кога од засега неутврдени причини дошло до судир меѓу две патнички возила.

Во страшниот судир животот го загубиле две лица. Едната жртва е 42-годишниот Бледијан Османи, кој управувал со едниот автомобил, додека втората жртва е тетовката Малтина Ферати.

Ферати била сопатничка во автомобилот управуван од 45-годишниот А.Ф.

Уште пет лица биле пренесени во болница, каде што им била укажана потребната медицинска помош и биле извршени прегледи.

На местото на трагедијата пристигнале полициски и истражни екипи, кои извршуваат увид и работат на утврдување на точните околности под кои се случила несреќата.

Засега нема официјални информации за причините за судирот, ниту за степенот на повредите на останатите пет лица.

Поврзани вести