На луѓето кои се трудат да ослабат им се препорачува да јадат обилен појадок, но да одбегнуваат бело брашно и рафинирани шеќери рано наутро. Наместо тоа, нутриционистите предлагаат храна која ќе ве засити, како јајца, спанаќ, авокадо, органска овесна каша, дури и палачинки од интегрално брашно.
Некои луѓе одбегнуваат да јадат јајца поради погрешното верување дека содржат многу холестерол. Меѓутоа, докажано е дека холестеролот во јајцата не е штетен по здравјето. Напротив, јајцата се многу важен дел од исхраната ако се подготвени на правилен начин.
Јајцата се одличен извор на протеини и содржат витамини А, D и Е, В12, рибофлавин, како и железо, калциум, цинк и селен. Токму затоа треба да бидат дел од вашето утринско мени, а кајгана мафините се одличен начин да не ви досади нивното подготвување, бидејќи може да направите безброј комбинации со други состојки од „дозволената листа“ на намирници за слабеење.