Доколку имате нетолеранција на глутен, мора постојано да внимавате што јадете и да ги проверувате состојките на сите оброци. За среќа, денес можете да најдете многу безглутенски рецепти на Интернет. Доколку немате идеја за десерт, тогаш пробајте го овој лесен рецепт за безглутенски ролат со јагоди и крем од ванила.
Потребни состојки:
За тесто:
4 јајца
1 лажица какао
Малку екстракт од ванила
90 грама шеќер
85 грама безглутенско брашно
За фил:
Две кесички пудинг од ванила
10 грама путер
850 милилитри млеко
Ситно исечкани јагоди
Начин на подготовка:
За да го подготвите филот, сварете го пудингот според упатството на кесичката, а потоа во него ставете го и путерот. Додајте ги и исечканите јагоди.
За тестото, изматете ги белките од јајцата и направете шлаг.
Изматете ги жолчките со шеќер и направете пенеста смеса. Додајте ги брашното, екстрактот од ванила и какаото.
Во жолчките додајте неколку лажици од шлагот за да ја разредите смесата, па потоа додајте ја целата смеса во шлагот.
Смесата за тесто ставете ја во плитка тава обложена со хартија за печење. Ставете ја во рерна и печете 10 до 15 минути, на температура од 180 степени.
Извадете го тестото и направете го во ролат, заедно со хартијата за печење и влажна крпа, и така оставете го да се излади.
Откако ќе се излади, тргнете ги крпата и хартијата, нанесете го филот и повторно направете ролат.
Оставете го да се излади, а потоа декорирајте по желба.