четврток, 12 ноември 2026
Најново

Без изненадувања по реваншите за осминафиналето во Лига Европа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Фудбалерите на Милан, Фрајбург, Бенфика, Карабаг, Марсеј, Спарта Прага, Спортинг и Рома во четвртокот вечерта се пласираа вво осминафиналето на Лига Европа.

Фудбалерите на Милан се квалификуваа и покрај тоа што загубија од Рен со 2:3 во реваншот од плеј-офот. Милан мина натаму откако победи со 3:0 во првиот натпревар пред седум дена на домашен терен. Рен поведе вечерва со голот на Бенжамин Бурижо во 11. минута, а израмни српскиот фудбалер Лука Јовиќ во 22. Бурижо ја врати предноста на домашните во 54. минута од пенал, а Рафаел Леао израмни четири минути подоцна. Предноста и победата на Рен повторно ја донесе Бурижо со уште еден гол од пенал во 68. минута.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Фудбалерите на Бенфика се пласираа во осминафиналето откако одиграа 0:0 против Тулуз во реваншот во Франција. Во првиот натпревар Бенфика победи со 2:1.

По продолженијата, Фрајбург победи со 3:2 против Ланс, а решавачкиот гол беше дело на Австриецот Михаел Грегорич во 99. минута.

Португалската Брага победи со 3:2 по продолженијата и за малку ќе го надополнинеше домашниот пораз од 4:2, но азербејџански Карабаг се пласираше со голот на Ахунџаде во 122. минута. Карабаг имаше негатива во 57. минута, но сепак постигна два гола во судиското продолжение.

Спортинг одигра 1:1 со Јанг Бојс во Лисабон, но се палсираше благодарение на победата од 4:2 од првиот натпревар. Гјокереш (13) беше стрелец за Португалеците, а Ганвула (84 пена) за Швајцарците.

Спарта го победи Галатасарај со 4:1 во Прага и ја надополни негативата од 2:3 од првиот меч во Истанбул. За Чесите погодија Пресијадо (8), Тучи (74), Хараслин (80) и Кухта (90+6), а за Турците Бардакчи (16).

Марсеј го победи Шахтјор со 3:1 на „Велодром“ и оди натаму со вкупни 5:3. Аубамејанг (23), Сар (74) и Кондогбија (81) погодија за Французите, а Судаков (12 пенал) за Украинците.

Фудбалерите на Рома последни се пласираа во осминафиналето на Лига Европа откако со подобро изведување пенали го совладаа Феенорд со 5:4 на својот „Олимпико“. Двата меча завршија 1:1. Гименез во 6. минута ги доведе Холанѓаните во водство, а Пелегрини израмни во 15. минута. Во пенал рулетот најпрвин Лукаку промаши за домашните, а потоа Ханцко и Јахабанкш го направија истото кај Феенорд.

Поврзани вести