Ако размислувате со што да се почестите овој викенд, имаме идеја.
Овие домашни крофни имаат вкус исто како оние од пекарница, а можете да ги направите дома за само 15 минути.
Од една мерка ќе добиете 35 крофни, па размислете веднаш да направите двојна мерка.
Состојки:
- 1/4 чаши брашно;
- 2 лажички прашок за пециво;
- 1/4 лажичка сол;
- 1/2 чаша матеница;
- 1/4 чаша шеќер;
- 3 лажици стопен путер;
- 3-4 чаши масло за пржење.
Подготовка:
Во средна чинија измешајте ги сувите состојки: брашното, шеќерот, прашокот за пециво и солта.
Посебно изматете ги матеницата и стопениот путер.
Во садот со сувите состојки истурете ја смесата со матеницата и путерот и мешајте додека не се соединат.
Кога ќе го земете тестото, крофните треба да бидат 1/2 лажица. Од тестото што сте го извадиле направете топка, па ставете ја да се пржи.
Пржете ги на врело масло додека не поруменат, па превртете ги и повторно пржете ги додека не поруменат од другата страна.
Ставете ги на салфетка за да се впијат маснотиите, а потоа валкајте ги во 1/3 чаша шеќер.
На здравје!