Без квасец и јајца, направете погача од само 4 состојки: Една намирница прави тестото да биде особено меко и воздушесто

Замесете домашна погача од само четири состојки. Квасецот и јајцата не ви се потребни, но затоа прашокот за печиво и киселото млеко се неизбежни.

Кај ова тесто добро е што не мора да чекате да отстои, а киселото млеко го прави многу мек. Уживајте во фантастичниот вкус, а послужете го со домашно сирење и домати.

Состојки:

  • 350 грама брашно;
  • 100 грама кисело млеко;
  • 1 лажичка прашок за печиво;
  • 100 милилитри кисела вода.

Подготовка:
Во брашното додадете го прашокот за печиво и помешајте го со киселата вода и киселото млеко.

Замесете тесто, па развлечете го со рацете колку големина на плехот во којшто ќе го печете.

Премачкајте го со млеко и со виљушка избоцкајте ја погачата. Ставете ја погачата во загреана рерна на 220 степени Целзиусови да се пече околу 40 минути.

Уживајте во вкусот!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.