Доколку сакате брзи, солени пикантерии тогаш овој рецепт ќе ве купи на прво залче.
Кога станува збор за пикантериите во омилените се вбројуваат питата, мафините, кифличките, но и шпанската пита за која многумина велат дека е совршен спој на најубавите состојки.
Состојки:
- 200 грама брашно;
- 1 прашок за печиво;
- 180 милилитри јогурт;
- 100 милилитри маслиново масло;
- 4 јајца;
- 100 грама кашкавал;
- 150 грама фета сирење;
- 150 грама шунка;
- 4 кисели краставички;
- 1 пиперка.
Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете го брашното и прашокот за печиво, маслото, јогуртот, сечканиот кашкавал, сечкана фета, шунка, краставичка, пиперка и сè измешајте.
Печете ја питата во подмачкан плех или обложен со хартија за печење на 200 степени Целзиусови околу 1 час. Пред крај покријте ја со фолија и намалете ја температурата на 180 степени Целзиусови.
Откако ќе се излади исечете ја на коцки и послужете ја со јогурт или некој друг напиток којшто го сакате.
Оваа пита е одлична и за носење, на пример во текот на утрешниот ден откако ќе ја направите може да си ја носите на работа, но потребно е да ја ставите во некоја чинија со капак за да не ја изгуби свежината и да не се исуши.
Уживајте во оброкот!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.