Пробајте го овој рецепт за торта без печење подготвена од само 3 состојки. Потребни ви се бисквити, малку путер и вашиот омилен сладолед.
Без печење: Брз рецепт за торта со омилениот сладолед
Потребни состојки:
150 г бисквити
2 лажици стопен путер
1 до 2 кг сладолед
Начин на подготовка:
Смелете ги бисквитите, а потоа измешајте ги со путерот.
Во една тава ставете ги бисквитите како основа. Оставете во фрижидер за 15 минути.
Потоа врз основата ставете го вашиот омилен сладолед. Можете да направите слоеви со различни вкусови како сладолед од чоколадо, ванила, јагода или по избор.
Ставете ја тортата во замрзнувач за неколку часа.
Сервирајте со омиленото овошје и уживајте.