Без решение на косовското прашање нема прием во ЕУ, повтори Штрахе

Oфицијална Виена треба да предложи организирање мировна конференција за решавање на косовското прашање смета aвстрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе, при што повторно ја поддржа идејата за размена на територии.
На синоќешната средба со претставници на српската заедница во Австрија, Штрахе оцени дека косовското прашање мора да се реши бидејќи ги спречува и Белград и Приштина на патот кон ЕУ, а воедно и негативно влијае на стабилноста и мирот во регионот.
– Без решение на тој проблем, нема ни прием во ЕУ, повтори Штрахе.
Тој изрази увереност дека Иницијативата за размена на територии, за која зборуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи е единствен начин за кончно да се реши косовскиот Гордиев јазол, уверен е вицеканцеларот.
– Австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој има одлични контакти со Приштина би требало таму да изврши влијание, а јас, кој ги застапувам интересите на Србите, би го направил тоа во Белград, рече Штрахе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.