Без јаглехидрати: Рецепт за освежувачка салата со тиквички и сирење

Ако во моментот се придржувате до план за исхрана во којшто нема простор за јаглехидрати или сакате да направите неколку измени во вашето мени, пробајте ја оваа брза и вкусна летна салата, која е соодветна за речиси секоја диета.
Без јаглехидрати: Рецепт за освежувачка салата со тиквички и сирење
Потребни состојки:
1 зрело авокадо
1 чаша варен грашок
1 тиквичка со средна големина
1 мала свежа краставица
100 грама фета сирење
половина калинка
неколку лисја магдонос
3 лажици пржени семки од тиква
сол, бибер, маслиново масло и оцет
јогурт и сладок чили сос за прелив


Начин на подготовка:
1. Сварете го грашокот и оставете го да се излади. Излупете ја тиквата, измијте ја и потоа изрендајте ја на тенки парчиња, исечете ја на ленти со нож или претворете ја во „шпагети“ со помош на спирализатор. Направете го истото и со краставицата и со авокадото. Излупете ја калинката и извадете ги семките од неа.
2. Ставете го зеленчукот во поголем сад, додајте сол и бибер, масло и оцет и измешајте сè. Исечете го фета сирењето на мали коцки и додајте го во салатата, а потоа повторно измешајте малку. Исечете ги измиените лисја од магдонос и на крај посипете ја салатата со сечкан магдонос, калинка и семки од тиква.
3. Во сад измешајте неколку лажици јогурт и малку сладок сос од чили, во зависност од тоа колку лут прелив сакате да добиете. Послужете го преливот со салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.