Тие на својата ќерка и подариле необична и скапа работа за нејзиниот дванаесетти роденден.Кон крајот на минатата година излезе листата на „најбогатите девојки на светот“, а на самиот врв се најде ќерката на Викторија и Дејвид Бекам, Харпер.
Во јули оваа година се крена голема прашина кога женскиот наследник на Бекамови наполни 12 години. Скапи подароци, фустан од тантела и забава „Прада“ се само дел од работите кои беа дел од гламурозната прослава. Се гледа дека славните мама и тато не штедат ни цент за своето дете.
Сега се појавија вести дека Бекамови не застанале тука. Тие на својата ќерка и подариле необична и скапа работа за нејзиниот дванаесетти роденден. Тоа е куќарка на дрво, чија цена е 115.000 евра.
Тие на својата ќерка и подариле необична и скапа работа за нејзиниот дванаесетти роденден.
Кон крајот на минатата година излезе листата на „најбогатите девојки на светот“, а на самиот врв се најде ќерката на Викторија и Дејвид Бекам, Харпер.
Куќата е изградена на дабови столбови откако добила градежна дозвола на семејниот имот во Англија, вреден 13 милиони евра. Куќата на дрво е со димензии 4,5 x 4,5 метри во должина и ширина, а висока е 4,275 метри и зафаќа површина од 15,6 метри квадратни.
Видливи се осудите на луѓето на социјалните мрежи и многумина сметаат дека познатите родители не ја знаат границата, некои дури и се згрозени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.