Бектеши Млеко, месо, леб, пекарски производи, тестенини ќе поефтинат за 10 отсто од утре

Министерот за економија Крешник Бектеши го објави списокот на прехранбени производи, кои во согласност со одлука на Владата треба да поевтинат 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август во трговијата на мало.

Пет хороскопски партнери кои се одлични и одговорни деловни партнери
Кога станува збор работата, не е важно со кого делите канцеларија или …
,,Господ ни беше посредник” – Аница Лазиќ откри детали од почетокот на врската со Лазар Ристовски (фото)
Младата актерка откри детали од приватниот живот, проговори за својот партнер, актерот …
„Тој покажа подготвеност да ги реши проблемите преку дијалог, го поздравуваме тоа“ – Кремљ најави можен дијалог меѓу Путин и Трамп
Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, претходно изјави дека во …
Илон Маск на нишан на Европската унија: Се истражува дали неговата мрежа работи според техничките правила на ЕУ
Тие особено ќе проценат дали „Х“ ѝ дава на партијата на Алтернатива …

Овие производи, како што рече Бектеши, во маркетите ќе бидат обележани со гарантирана цена до крајот на ноември 2023 година.

Тој соопшти дека листата е утврдена и цените ќе треба да се применат по објавувањето во „Службен весник“.
Леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо, тестенини и слично, се дел од производите што ги најави Бектеши.

Бектеши ги повика и производителите и трговците да се координираат бидејќи пазарните инспектори, како што рече, ќе издаваат казнени налози со забрана за вршење дејност, односно продавниците ќе бидат затворани.
„Треба да ги одбележат сите овие производи со натписот ‘гарантирана цена’, која е објавена на веб-страницата на Министерството за економија и овие производи количински да ги снабдуваат најмалку за 70 отсто во однос на количините од август 2023“, рече Бектеши.

Појасни дека продолжуваат преговорите со производителите и дистрибутерите на безалкохолни пијалаци за намалување на цените и на овие производи.
За оние што сакаат да манипулираат, како што рече, најавени се строги контроли и казни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.