четврток, 12 ноември 2026
Најново

Белата куќа на состанок со големите компании за производство на оружје!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржи состанок во Белата куќа со раководителите на големите одбранбени компании за да разговараат за забрзување на производството на оружје во услови на намалени залихи по нападот врз Иран, јавува Ројтерс, повикувајќи се на сопствени извори.

Според агенцијата, поканети се претставници на „Локид Мартин“ и „РТКС“, како и неколку други добавувачи. Администрацијата на Трамп има намера да го зголеми производството, додека Пентагон подготвува барање до Конгресот за дополнителни средства во износ од околу 50 милијарди долари за надополнување на залихите на оружје. Според Ројтерс, операцијата против Иран довела до потрошувачка на значителна количина муниција, вклучително и ракети со долг дострел.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претходно, значителни количини оружје беа испратени за поддршка на Украина, како и на Израел за време на борбените операции во Појасот Газа. Како резултат на тоа, залихите на артилериски системи, муниција и противтенковски ракети се значително намалени, потсетува агенцијата.

Поврзани вести