Бела куќа: Нападот на Иран врз Израел ќе потрае неколку часа – Египетските ПВО системи се во состојба на готовност

Портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон, денеска изјави дека Иран започнал напад врз Израел за кој, како што наведе, „веројатно ќе потрае неколку часа“.
„Претседателот Бајден е редовно информиран од неговиот тим за национална безбедност за ситуацијата. Тој ќе се сретне со нив попладнево во Белата куќа“, рече Вотсон.
Таа додаде дека Бајден е во постојана комуникација со израелските власти и другите партнери и сојузници.
Таа посочи дека ставот на американскиот претседател е јасен и дека поддршката на Вашингтон за Израел е цврста. Соединетите Држави стојат со народот на Израел и ја поддржуваме нивната одбрана од овие закани од Иран“, рече Вотсон.

Јордан им дозволи на американските авиони да пресретнуваат ирански беспилотни летала над нејзина територија.
Покрај тоа, јорданскиот систем за противвоздушна одбрана е подготвен да го собори секој ирански авион што ќе го наруши воздушниот простор на Јордан, пишува „Тајмс оф Израел“.

Египетските системи за противвоздушна одбрана се ставени во состојба на готовност поради иранскиот напад врз Израел

Пронајдете не на следниве мрежи: