Белата куќа денеска соопшти дека проблемите со Техеран може да се решат воено или преку договор, откако Иран наводно ја одбил поканата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за нуклеарен договор.
„Се надеваме дека иранскиот режим го става својот народ и неговите најдобри интереси пред теророт“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Брајан Хјуз, повторувајќи ја претходната закана на Трамп за воена интервенција.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека не добил никаква порака од САД, по тврдењата на Трамп дека испратил писмо до иранското раководство за преговорите за нуклеарниот договор.
„Не добивме никаква порака од Соединетите Американски Држави“, рече Арагчи.
Истовремено, иранскиот лидер ајатолахот Али Хамнеи на средба со високи ирански претставници рече дека понудата на Вашингтон има за цел „да ги наметне сопствените очекувања“, пренесува Ал Мајадин.
„Инсистирањето на некои влади кои малтретираат на преговорите е да не ги решаваат прашањата. Разговорите се начин тие да имаат нови барања, не се работи само за иранското нуклеарно прашање“, рече Хамнеи.
Тој додаде дека Иран „дефинитивно“ нема да ги прифати тие очекувања.



