Бела црница: Современите истражувачи ги нарекуваат нејзините својства „супермоќи“

Според современите истражувачи, белата црница има супермоќи. Оваа бобинка го намалува на ризикот од дијабетес и од срцеви заболувања, го регулира нивото на холестеролот и помага при слабеење.
Количеството шеќер што се содржи во оваа бобинка е двојно помало отколку во другите бобинки, како што е сувото грозје. А, според истражувањето, листот од бела црница има состојки кои помагаат во нормализирање на нивото на шеќер во крвта.


Се користи како народен лек за третман на дијабетес тип 2. Белата црница е богата со растителни влакна, па околу 20 проценти од нашите дневна потреба од растителни влакна може да биде задоволена со само една третина чаша бела црница.
Редовната употреба на овие бобинки ќе доведе до намалување на холестеролот и подобрување на дигестивниот систем. Богата е и со антиоксиданти.
Според истражувањето на Универзитетот во Тексас, белата црница содржи ресвератрол, што е природен фенол. Корисна е во борбата против неколку видови тумори и срцеви заболувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.