Прототипот на кинескиот ловец од шестата генерација го имаше својот прв лет. Новиот авион при летот е придружуван од ловецот од петтата генерација Ченгду Ј-20.
Станува збор за борецот „Baidi B-Type“ или „Белиот император“.
Овој настан навестува дека Кина напредува во обидот да создаде ловец или ново беспилотно летало од шестата генерација. Според блогери од специјализирани воени интернет страници, авионот е способен да достигне суперсонична брзина, а дури може и да ја напушти атмосферата.
Тој е невидлив за радарот и е опремен со специјално дизајнирани млазници кои го намалуваат топлинскиот отпечаток. Покрај тоа, овој авион може да носи хиперсонично оружје.
Шестата генерација вклучува карактеристики на намалување на радарскиот сигнал, постигнување брзина од 5 маха, висок степен на автоматизација и беспилотна верзија на борбениот авион.
Сериското производство е сè уште далеку, но очигледно е чекор напред кон напорите на кинеската армија да стане првата војска со ловци од шестата генерација.