четврток, 12 ноември 2026
Најново

Белоруски војници се обучуваат да користат нуклеарно оружје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Белоруски војници почнаа со обука во Русија за употреба на „тактичко нуклеарно оружје“, соопштија во вторникот Москва и Минск, пренесе „Хина“.

„Тактичката ракета Искандер-М беше испорачана на белоруските вооружени сили. Системот овозможува употреба и на конвенционални и на нуклеарни ракети“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Белоруски војници се обучуваат да користат нуклеарно оружје

„Од 3 април белоруските војници добиваат обука за нивна употреба во руски центар за обука“, додаде тој.

Ова го потврди министерството за одбрана на Белорусија.

„Припадниците на овие единици детално ќе ги проучуваат прашањата поврзани со содржината и употребата на тактичкото нуклеарно оружје“, соопшти министерството.

„Белоруските војници ќе поминат низ целосен циклус на обука во еден центар за обука на руските вооружени сили“, се додава во соопштението.

Не е прецизирано колку ќе трае обуката.

Поврзани вести