Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,46%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поскапуваат за 0,50 ден/лит. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Со тоа ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ќе се продава по 93,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,128 ден/кг и изнесува 51,686 ден/кг.
Пронајдете не на следниве мрежи:


