Бен Афлек често е мрзлив и нерасположен во јавноста, но овојпат ги изненади сите свои обожаватели. Имено, тој е фотографиран насмеан и одлично расположен во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер и нивните три деца Вајолет (18), Серафина (15) и Семјуел (12).По повод Денот на благодарноста, тие заедно се вклучија во хуманитарна акција и волонтираа во Полноќната мисија во Лос Анџелес, служејќи им топли оброци на повеќе од две илјади бездомници. Бен и Џенифер, познати по пријателските односи и по разводот, се снимени како насмеано разговараат и им помагаат на оние кои имаат потреба. Позираа и заедно, носејќи исти престилки.Тој сака да им помага на луѓетоИнаку, Бен Афлек со години учествува во вакви хуманитарни акции. „Моќна работа е да се поврзете со луѓе. Добивам многу од тоа што им давам само малку време на оние на кои им треба“, изјави тој еднаш за People. „Лесно е да ги спуштиш рацете и да кажеш дека не можеш ништо. Но, има луѓе кои сакаат да си го подобрат животот, на кои им е тешко и на кои им е потребна помош“, додаде тој, пренесува Index.hr.Да потсетиме дека Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а потоа останаа во одлични односи поради нивните деца и често беа видени во јавноста заедно. Бен беше во врска со актерката Ана де Армас, а во 2022 година се ожени со Џенифер Лопез, но нивниот брак заврши оваа година. Џенифер Гарнер денес е во врска со претприемачот Џон Милер.
Пронајдете не на следниве мрежи: