четврток, 12 ноември 2026
Најново

БИБЛ: Куманово по заверка на пласманот на Ф4 турнирот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кошаркарите на Куманово, во вторник, ќе имаат можност да го заверат настапот на завршниот турнир во БИБЛ конкуренцијата.За да избори настап на завршниот турнир Куманово ќе мора на домашен терен ја совлада црногорската екипа Теодо.Македонскиот преставник во Топ 6 фазата во БИБЛ лигата во моментов се наоѓа на делба на третото место – Куманово и Рилски имаат по четири победи и порази, лидер на табелата е Галил Галбоа (6-3), а втор е Левски (6-2), овие екипи веќе обезбедија пласман на завршниот турнир.Кумановци на натпреварот со Теодо се апсолутни фаворит, поради моменталната форма, домашниот терен, но и поради убедливата победа на првиот меч од 95:79.Натпреварот помеѓу Куманово и Теодо е закажан да стартува од 19.00 часот.
МакфаксКошаркарите на Куманово, во вторник, ќе имаат можност да го заверат настапот на завршниот турнир во БИБЛ конкуренцијат

Поврзани вести