Поранешниот руски олимпиец и носител на злато од ЗОИ 2006 во Торино, Роман Костомаров води животна битка откако е во вештачка кома, откако уште пред неполн месец бил хоспитализиран поради бронхопневмонија.
Костомаров кој освои злато во уметничко лизгање во изминативе безмалку месец дена во кои поради запаление на белите дробови бил приклучен на респиратор, сега е во индуцирана кома откако морало да му бидат ампутирани двете ноза.
Според информациите на руската новинска агенција ТАС, Костомаров повеќе од пет дена бил поврзан со ЕЦМО за вештачка оксигенација на крвта, а за тоа време се појавиле сериозни компликации во телото и започнала некроза на долните екстремитети.
После прегледите било заклучено дека ќе мора да му се ампутираат двете нозе.