Во пресрет на празникот посветен на Светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, Бигорскиот манастир ги повикува верниците и сите добронамерници на молитвено и духовно чествување во бигорскиот скит во село Битуше, посветен токму на сесловенските просветители.Свеченостите ќе започнат во сабота, на 23 мај, со празнична Вечерна богослужба со почеток во 18:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.Во недела, на 24 мај, програмата продолжува со Утрена богослужба од 07:30 часот, а во 09:00 часот ќе биде отслужена Света архијерејска Литургија предводена од Епископот Антаниски г. Партениј.Богослужбите ќе се одржат во храмот кој е во напредна фаза на изградба, каде верниците заеднички ќе се помолат за негово поскоро завршување и благослов од Светите Кирил и Методиј. По завршувањето на литургијата, во дворот на скитот ќе се одржи и културно-уметничка програма.
На празничната литургија ќе присуствуваат и монашките заедници под духовно раководство на Старецот и игумен на Бигорската обител, Епископот Антаниски г. Партениј – братството на Бигорскиот манастир, како и сестринствата од Рајчица и Пречиста.
The post Бигорскиот скит во Битуше ќе го одбележи празникот на Светите Кирил и Методиј со свечени богослужби и културна програма appeared first on Во Центар.



